Digitalization and Inclusive Education
Digitalization and Inclusive Education
DE, EN, IT, BS, MK
Self-study
Digitalization and Inclusive Education

Digitalization and Inclusive Education

University College of Teacher Education Styria

DigIn-Team

About

Duration 5 units
Unit 5 hours/unit
Licence CC BY-SA 4.0
Participants 529
Availability Unlimited
Start Date 31.март2023.
Costs € 0.00

General Course Information

#LetsDigIn #Erasmusplus #inclusiveeducation


Овој Масовен отворен онлајн курс (MOOK) претставува иницијатива во рамките на Еразмус+ проектот „ДигИн“, координирана од експерти од областите на дигитализацијата и инклузијата. Курсот е наменет е за наставници во основно (од 1 до 9 одделение) и средно образование, образовни асистенти, старатели и сите други лица заинтересирани за инклузивното образование во дигиталната ера.

Имајќи предвид дека дигитализацијата и инклузивното образование нудат истовремено и можности и предизвици за различните образовни системи – за нивниот кадар, во однос на методите на настава и развојот на училиштата – овој МООК има за цел да иницира процеси на промена во секојдневниот живот во училиштата.

Преку пет модули, курсот овозможува увид во различни теми, вклучувајќи го универзалниот дизајн за учење и пристапност, употребливост и асистивните технологии. Исто така, тој дава и примери од наставата за тоа како да се користат дигитални алатки во училницата, посочува како да се организираат можности за кооперативно учење и дава идеи за дигитално-инклузивен развој на наставата.

Овој MOOК има за цел да ги зајакне вештините на наставниците и на сите други кои имаат интерес за областа на дигиталното инклузивно образование. Сакаме да ги подготвиме за поучување на учениците со попреченост во дигиталната ера.

Зошто го користиме терминот „ученици со попреченост“? Ја следиме дефиницијата дадена во Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост: „Лицата со попреченост ги вклучуваат оние кои имаат долгорочни физички, ментални, интелектуални или сензорни оштетувања кои во интеракција со различни бариери може да го попречат нивното целосно и ефективно учество во општеството на еднаква основа со другите“.




Content

Course Content

Овој МООК има за цел да ги зајакне компетенциите во областа на дигиталното инклузивно образование на едукаторите, односно наставниците, како и на сите други заинтересирани страни, со цел да им овозможи на учениците со попреченост да учествуваат во образованието засновано на медиумите. Содржината е базирана на „Европската рамка на дигитални компетенции за едукаторите/наставниците“ на Европската унија (DigiCompEdu), конкретно на областа на нивото на постигање на дигитални компетенции број пет „Поддршка на учениците“. Оваа област се фокусира на три различни аспекти на професионалните активности на едукаторите/наставниците:

Пристап и инклузија: Обезбедување на пристап за сите ученици, вклучувајќи ги учениците со посебни воспитно-образовни потреби, кога станува збор за изворите, материјалите и активностите кои ги користат во учењето. Грижа за (дигиталните) очекувања на учениците, нивните способности, можните заблуди и начините на кои ги користат дигиталните технологии, како и навремена реакција на можните проблеми. Грижа за ограничувањата со кои се сретнуваат при користењето на дигиталните технологии и навремена реакција на наведените органичувања, без оглед дали се физички, когнитивни или условени од контекстот во кој се наоѓаат учениците.

Диференцијација и персонализација: Примена на дигитални технологии за задоволување на различни потреби на учениците преку овозможување учениците да напредуваат на различни нивоа и со различна брзина, следејќи ги индивидуалните правци и цели на учење.

Активно ангажирање на учениците: примена на дигиталните технологии со цел да се поттикне активниот и креативниот ангажман на учениците на одредена тема. Примена на дигиталните технологии во рамките на педагошки стратегии кои поттикнуваат трансверзални компетенции на учениците, продлабочено размислување и креативно изразување. Воведување на нови контексти од вистинскиот живот во наставата и вклучување со нивна помош на учениците во практични активности, научни истражувања, решавање на сложени проблеми и некои други активности во кои учениците активно учествуваат во некоја сложена тема.  

Овие изјави за компетенции даваат ориентација за инклузивна настава во однос на опсегот на компетенциите потребни за рационална употреба на дигиталните медиуми во дидактичка смисла при индивидуалните барања во однос на учењето.

Курсот е поделен на следните модули:

• Модул 1: Универзален дизајн за учење
• Модул 2: Пристапност и употребливост
• Модул 3: асистивни технологии
• Модул 4: Дигиталната технологија во служба на инклузивното образовани
• Модул 5: Социјално и емоционално учење (во ИКТ контекст)

Секој од модулите е поделен на три подсекции.

Course Goals

По завршувањето на овој MOOC, учесниците ќе:

  • Тие ги земаат предвид контекстуалните, физичките или когнитивните ограничувања во употребата на медиумите.
  • Тие ја разбираат важноста на еднаков пристап до соодветни дигитални технологии и ресурси.
  • Тие можат да користат дигитални технологии и стратегии (на пример, помошни технологии) наменети за ученици со попреченост.
  • Тие можат да земат предвид и да одговорат на потенцијалните проблеми со пристапноста кога избираат, менуваат или креираат дигитални ресурси.
  • Тие ги разбираат принципите на дизајнирање за зголемување на пристапноста на ресурсите и дигиталните средини што се користат во училницата и можат успешно да ги имплементираат и применуваат.
  • Тие можат постојано да ја следат и размислуваат за соодветноста на мерките што се применуваат за подобрување на пристапноста во наставата и соодветно да ги приспособат стратегиите.
  • тие знаат како да користат дигитални технологии за да ги визуелизираат и објаснат новите концепти на мотивирачки и ангажиран начин.
  • тие знаат како да користат дигитални технологии за да им овозможат на учениците активно да се вклучат во предметот, на пр. користејќи различни сетила. На овој начин тие го ставаат активното користење на дигиталните технологии од страна на учениците во центарот на наставниот процес.
  • тие можат да изберат соодветни дигитални технологии за да поттикнат активно учење во даден контекст на учење (на пр. кооперативно учење).
  • тие можат да размислуваат за тоа колку се соодветни различните дигитални технологии што се користат за подобрување на активното учење на учениците и соодветно да ги приспособат стратегиите и изборите.

Previous Knowledge

Не постојат предуслови за посетување на курсот. Во однос на техничките барања, треба да бидете во можност ефективно да ги користите најчестите Интернет-апликации. Сите видеа се обезбедени со титли, а дополнително се вклучени и читања на сите јазици на земјите вклучени во проектот со цел да се обезбеди превод, опис или текстови за пристапност.

Course Procedure

Во зависност од индивидуалното темпо на учење и времето на располагање, курсот може да се заврши и побрзо. По проучувањето на секоја единица (курс, библиографија, видеа), пополнете го тестот. За да се помине тестот, потребно е да се освојат најмалку 75% од вкупниот број на поени. Тестот може да се реш ава најмногу пет пати.

Certificate

За активно учество на курсот ќе добиете автоматски генериран сертификат кој го вклучува вашето корисничко име, насловот на курсот и завршените лекции. Сакаме да истакнеме дека овој сертификат само потврдува дека корисникот точно одговорил на најмалку 75% од прашањата за задолжителниот тест.

Licence

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.

При користењето на материјалите, ве молиме да ги наведете компонентите споменати во материјалот: насловот, авторот и лиценцата CC BY SA 4.0 со врска до лиценцата, како и назнака дали сте го измениле материјалот.

Посетете ја и нашата веб-страница: Дигитализација и инклузивно образование (digin-education.at).

On Social Media

Course Instructor

DigIn-Team
DigIn-Team


HS-Prof.in  Edvina Bešić, PhD (DigIn Project Head; University College Professor of Inclusive Education and Inclusive Didactis, PH Steiermark; leadership team member at the Research Center for Inclusive Education - FZIB)

Prof.in Silvana Aureli, BEd (Institute for Digital Media Education, PH Steiermark)

Prof.in Mag.a Barbara Levc (Head of the Competence Center "Inklusiv Studieren", PH Steiermark)

Prof.in Silvia Kopp-Sixt, MA (Institute for Early Childhood and Primary School Education, PH Steiermark; extended leadership team member at the Research Center for Inclusive Education - FZIB)

Daniela Ender, MSc (Scientific Assistant at PPH Augustinum; staff member at the Research Center for Inclusive Education - FZIB)

Prof. David Wohlhart BEd (Retired Professor at PPH Augustinum; staff member at the Research Center for Inclusive Education - FZIB)

Prof.in Dr.in Martina Kalcher (Department of Educational Sciences with a focus on Inclusion, PPH Augustinum; leadership team member at the Research Center fo Inclusive Education - FZIB)


Translation and adaptions for the relevant country context: 

Italy:
Heidrun Demo, PhD (Associate Professor for Inclusive Education, UNIBZ)
Rosa Bellacicco, PhD (Researcher at the Competence Centre of School Inclusion, UNIBZ)
Anna Frizzarin, PhD (Scientific Assistant at the Competence Centre of School Inclusiont, UNIBZ)

Bosnia and Herzegovina:
Anka Izetbegović (President of the Association DUGA)
Alma Kudra, MA (Project worker at the Association DUGA)

North Macedonia:
Rozita Petrinska Labudovikj, MSc (President of the Association Zdruzhenie za unapreduvanje na obrazovanieto, kulturata i sportot OBRAZOVANIE ZA SITE Skopje)
Milica Timchevska, MA (Teacher at OOU “Hristijan Karposh”)


Login & Enrol Currently: 529 Participants

Free for all € 0.00

Partners

Zdruzhenie za unapreduvanje na obrazovanieto, kulturata i sportot
OBRAZOVANIE ZA SITE Skopje
Non-governmental organisation/association
E10020059
Bul. Kocho Racin 14/6-2, 1000 Skopje, North Macedonia
represented by Rozita Petrinska Labudovikj

OOU "Hristijan Karposh"
School/Institute/Educational centre – General education (primary level)
E10173730
Radoje Dimik bb, 1300 Kumanovo, North Macedonia
represented by Miroljub Paunovikj; Milica Timchevska

Association DUGA
Non-governmental organisation/association
E10262778
Petra Tiješića 10, 71000 Sarajevo, Bosnia and Herzegovina
represented by Anka Izetbegović, Alma Kudra

LIBERA UNIVERSITA DI BOLZANO
Higher education institution (tertiary level)
E10208740
Piazza Università, 1, 39100 Bolzano, Italy
94060760215
represented by Paolo Lugli, Heidrun Demo, Rosa Bellacicco, Anna Frizzarin, Dario Ianes


The European Commission's support for the production of this publication does not constitute an endorsement of the contents, which reflect the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

University College of Teacher Education Styria

University College of Teacher Education Styria

Graz

8833 Participants
8 Courses
Average rating
Partners
Partners
Partners
Partners
Partners
Partners
Partners

Rating

Digitalization and Inclusive Education

5 stars
9
4 stars
1
3 stars
1
2 stars
0
1 stars
1